2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бојкот на наставата во Бистрица ако се прифати оставката на Димитар Пипилевски

Октомври 10, 2019

Родители чии деца се школуваат во ОУ "Крсте Петков Мисирков"-Бистрица како и наставници од училиштето се против оставката на директорот Димитар Пипилевски од оваа позиција.

Тие денеска испратија посебни петиции до градоначалничката Наташа Петровска. Во изјавите на претставници од Советот на родители стои дека доколку биде прифатена оставката на Пипилевски нивните деца нема да ги испраќаат на училиште и ќе бојкотираат додека тој не се врати на директорската позиција.

Пипилевски минатиот четврток објави дека поради тоа што предизвикал сообраќајна незгода под дејство на алкохол поднесува  оставка на местото директор при ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица како и писмена неотповиклива оставка од извршниот одбор на општинската организација до претседателот на ОО на СДСМ Битола.

Бурим Банушевски, претседател на Советот на родители при ОУ "Крсте Петков Мисирков"-Бистрица вели дека оваа иницијатива  ја покренуваат  родителите, бидејќи како што нагласува „безрезервно го поддржуваме директорот, Димитар Пипилевски“.

-Не ја прифаќаме неговата оставка. Тврдиме дека директорот совесно и одговорно ја извршува својата должност, неуморен во неговите планови, идеи и ангажман за подобрување, олеснување и осовременување на наставата и на објектите. Неговото залагање, професионалност, одговорност, одличниот однос со родителите и учениците, а сега и со неговиот чекор, ја истакна неговата доблест, човечност и морална и етичка одговорност.

Ја молиме градоначалничката да не ја прифаќа оставката, во спротивно ќе пристапиме кон бојкот на наставата се додека Директорот не се врати на заслуженото место, изјави Банушевски .

Африм Амзоски, претставник од иницијативата на наставниците против оставката  на директорот Пипилевски вели дека по неодамнешните случување и објавувањето на оставката од директорот, Димитар Пипилевски, наставниците се самоорганизираа и протестираат  против ваквата одлука.

-Имено, оваа последна година, откако на местото директор е назначен Димитар Пипилевски, целокупниот наставен процес, како и условите во објектите се значително подобрени. И покрај блокираната сметка, директорот, преку неговите лични контакти и ангажман, успеа да направи многу повеќе отколку во изминатите години. Затоа, доставуваме до градоначалничката писмена петиција и ја замолуваме со неприфаќање на оставката да го дозволи евидентниот напредок кој е очигледен и е заслуга на директорот, вели Амзоски.

72820082 464271277512619 1881651448987516928 n

71888099 726721897791694 8866716217428148224 n

71787995 2535831879803430 583334009942048768 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани