2win800x200

„Имам право на среќно детство“- во ОУ„ Гоце Делчев“ одбележана Светската недела на детето

Октомври 10, 2019

По повод Светската недела на детето, на ден 10.10.2019 година во ОУ „Гоце Делчев“ Битола, традиционално се реализираше свечен прием на учениците од прво одделение во детската организација. Учениците од прво одделение дадоа свечена заклетва со која се обврзуваат дека ќе учат вредно и ќе постигнат резултати во учебната година. Учениците од повисоките одделенија во нивна чест реализираа свечена приредба.

Под мотото „ Имаме право на среќно детство“ првачињата ги воведовме во образовниот процес. Од друга страна ги запознаваме со нивните права, за кои подоцна во училиштето ќе се говори повеќе како и за обврските кои треба да ги исполнат. Во оваа пригода сакам да им посакам добедојде, пријатен престој во училиштето и успех во учењето на нашите нови ученици -рече директорката Биљана Стојковска.

За учениците од прво оделение следеа и скромни подароци со цел одбележување на овој свечен чин за нив.

71672460 2552390344799675 7728200746096656384 n

71837145 2368898670091662 1502144487990755328 n

72480319 661262557733511 5237673404420587520 n

71711395 2302910173151810 6701606947063332864 n

72374144 466352287302111 3975353868694323200 n

72101545 1158822060986061 2353965871497478144 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани