АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила во селото Добрушево гради пречистителна станица со еден крак за прочистување на отпадните води. Градбата напредува.
Во 2018 година Општина Могила преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој аплицираше за проектна документација за канализациска мрежа со пречистителна станица за населените места Добрушево и Ивањевци, во вредност од 800 000 денари. Во 2019 година, пак општината аплицираше преку Министерство за животна средина за пречистителна станица во населеното место Добрушево која се гради со еден карак и ќе чини 6.795 026 денари. Во истиот период започната е постапка за канализациска мрежа и пречистителна станица во Ивањевци во износ од 3.054 661 денар , средства добиени од Бирото за регионален развој и 1.425 617 денари кофинансирање од Општина Могила.