2win800x200

Во Битола се одржува интернационален ФАДФ „Камера 300“

Октомври 18, 2019

Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ почна со прегледување на 35 аматерски документарни филмови на автори од 10 европски држави.

Претседателот на Советот на фестивалот Стефан Хаџи Андоновски истакна дека за најдобрите ќе бидат доделени традиционални награди, а од оваа година новина е наградата за сценарио која го носи името на долгогодишниот член на жирито на овој фестивал, неодамна починатиот Стево Сидовски.

-Жири комисијата ќе ги награди најдобрите и според квалитетот на документарниот филм, а само еден автор ќе ја добие највредната награда, односно гран при плакета „Милтон Манаки“. Инаку според востановената традиција фестивалот ќе додели и други награди и признанија, а Советот на фестивалот одлучи досегашната награда за сценарио да ја именува според  долгогодишниот член на жирито на овој фестивал, неодамна починатиот Стево Сидовски, истакна Хаџи Андоновски.

Наградените филмови ќе бидат премиерно емитувани во рамки на празничата програма на Општина Битола посветена на Денот на ослободувањето на градот – 4. Ноември.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани