АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СОНК не го прифати предлогот на Министерството за образование и Владата за зголемување на платите во образование и наука за 10 отсто, од април 2020 година и најави штрајк за 11 ноември годинава.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека нивното барање е зголемувањето од 10 отсто да почне од јануари, но може да се преговара и за поголемо зголемување.Бараат и измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале и ревидирање на плаќањето во комбинирана настава.
Неделков на денешната прес-конференција, рече дека доколку не се исполнат нивните барања ќе се одржи штрајк со прекин на работниот процес во основните, средни и високообразовните институции.
Премиерот Зоран Заев побара продолжување на преговорите на СОНК и Министерството за образование за зголемување на платите во образованието за да се најде решение прифатливо за двете страни.