2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Рели трка за ученици низ страниците од книгите во Австриската библиотека во Битола

Октомври 29, 2019

Рели трка низ книга за учениците од основните училишта „Тодор Ангелевски“ и „Гоце Делчев“ организираше Австриската библиотека од Битола која е сместена во Универизитетската библиотека „Св. Климент Охридски“. Преку креативна игра учениците се потикаа да читаат книги од германското јазично подрачје, но и стекнаа знаења како да пребаруваат литератира од Австрската библиотека.

„Во рамки на Месецот на книгата организираме работилници со ученици основци и средношколци. Идејата за вакви средби со ученици е да се запознаат со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, како да се снајдат со сигнатурата, да ја напишат, да ја донесат на шалтерот, да изнајмат книга и да читаат“, рече д-р Валентина Илиева, раководител на Австриската библиотека во Битола.

 

Основците се запознаа со плодното дело на австриската писателка Мира Лобе, автор на над сто книги за деца. Рели трката низ нејзините книги се состоеше во тоа што учениците добиваа работен лист со пет задачи на македонски јазик, од типот чие издание е книгата, колку страници е, колку пати се споменува главниот лик и слично.

„Да видат дека не е страшно да се држи една книга на странски јазик во раце и дека нема да се соочат со пробелмот ништо не разбирам, напротив се ќе најдат и на крај ќе добијат бук маркер, спомен за оваа наша средба. Секогаш ги мотивираме да читаат. Од податоците што ги имаме од Библиотеката се гледа дека учениците читаат, но сакаме да потикнеме што повеќе ученици и што почесто да читат“, рече Илиева.

Утре работилницата продолжува со ученици од Економското училиште „Јане Сандански“ од Битола, кои ќе се запознаат со делото на австриската писателка Кристине Нестлингер.

Работилниците се организираат заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во рамките на Месецот на книгата и во рамките на најголемиот австриски литературен фестивал „Австрија чита“.Истиот се одржува од 14 до 20 октомври 2019 во Австрија и е понуден како настан и на Австриските библиотеки во странство. Една од 65-те Австриски библиотеки во 28 држави се наоѓа токму во Битола и Австриската библиотека во Битола се приклучува на овој литературен фестивал.

Ж.З.

Фото:

ger 3

ger 6

 

ger2

 

ger8

ger11

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани