АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дури 85 ученици кои се солидни во изучувањето на германскиот јазик преку своите училишта зедоа учество во активностите за одбележување на значајни личности од Германија што ги организираше Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола. Учествуваа основните училиште „Климент Охридски“, „Елпида Караманди“, „Тодор Ангелевски“, „Трифун Пановски“ и „Даме Груев“, а од средните училишта гимназијата „Јосип Броз –Тито“.
Учениците под водство на нивните професорски по германски јазик подготвија и ивзеда доста креативни рецитали, извадоци од претстави, романи, дискусии, пораки, па дури испеаја и песни на германски. Толку се внесоа во изведбите што дел од нив, во согласност со темата, носеа и креации како да се во 18 век.
„Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и оваа година покрај другите активности, организира манифестација за учениците кои го изучуваат германскиот јазик. Со тоа ги поттикнува уште повеќе да го изучуваат овој прекрасен јазик , но и да учествуваат во воншколски активнисти кои им остануваат во долго сеќавање за држбата, учење и нови знаења“, рече Валентина Илиева, претседател на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола.
На повикот на Здружението се пријавија девет професорки кои ги подготвија учениците за настапите. Тие имаа слобода да изберат за која личност ќе истражуваат и подготват креативна презентација. На крај беа наградени со благодарници за нивниот труд, а учениците со податоци.