2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наместо да се фрла, храната да стигне до најсиромашните-проект на битолски граѓански организации

Ноември 11, 2019

Како да се направи систем со кој храната наместо во ѓубре ќе заврши кај оние на кои им е најпотребна. Ова е целта на проектот „Храна на вистинска адреса“ кој треба да ги поврзе манипулаторите со храна, локалните институции и граѓаните во социјален ризик

Проектот на локално ниво го спроведуваат Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола и Здружението Досер Глобал од Битола, кои се дел од неформалната мрежа на Банаки за храна


-Во Битола има голем број вакви иницијативи и активности, но сите тие делуваат самостојно и не се постојани.  Целта на овој проект е тие да станат видливи  и да ги подобриме резултатите, но и да дадеме свој придонес во подигањето на јавната свест кај граѓаните во делот на одржливо менаџирање со храна, намалување на отпадот од храна, донирање на вишоци  и потребата од граѓанско учество  за намалувањето на степенот на сиромаштија во Општина Битола , рече Катерина Димитровска Богевска од МИДС-Битола

Проектот "Храна на вистинска адреса" е финансиран од фондови на ЕУ и се очекува со негова реализација  да се добие комплетна слика за потенцијалните донатори и корисниците на оброци. Исто така да се добие слика за законските услови кои треба да се исполнат кога ќе се воспостави механизам за донирање храна до крајните корисници, да се информира пошироката јавност за банкарството со храна и можностите и условите за вклучување, да се изгради систем за поврзување на манипулторите на храна, односно супермаркетите, угостителските објекти,  дистрибутивните ланци, производствените капацитети  со корисниците на оброци.

-Планирание се повеќе активности  со проектот, а тоа се мапирање на потенцијалните донатори на храна во Битола за што ќе направиме анкетен прашалник и средби со нив, манипарање на дестинации за донирање на храна, мапирање на семејствата кои се во социјален ризик кој се евидентирани од институциите, но и оние кои не се евидентирани. мапирање на локлани институции и средби со истите. Очекуваме да поврземе 80 семејства со социјален ризик со 20 манипулатори со храна кои ќе донираат храна, рече Томе Крстевски, од Здружение  Глобал, партнер  во проектот

Во светот се произведува храна која може да нахрани 12 милијарди луѓе, една третина од неа се фрла, а има една милијарда луѓе кои што едвај врзуваат крај со крај.
Според анкетите на „Банка за храна Македонија“  се доаѓа до податокот дека активната бројка на оние кои имаат проблеми со оброци во Македонија е над 70 илјади од кои 60% се деца, велат од МИДС и Глобал од Битола.

Е.М.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани