АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Желби“ беше насловена поетската манифестација на ученички од осмо одделение, членови на литературната секција од ОУ„ Гоце Делчев“ –Битола кои денеска читаа проза и поеза, приклучувајќи се на одбележувањето на 8 декември „Св.Климент Охридски“. Поетското читање се реализира под менторство на Александар Адамовски , наставник по македонски јазик во ОУ„ Гоце Делчев“- Битола.
Младите творци рецитираа во придружба на звуците од виолината на ученичката од седмо одделение Теодора Блажевска.
-Денешната активност ја насловивме Поетска манифестација „Желби“, слободна ученичка активност со цел да дојде до израз нивниот талент и имагинација. Ученичките во литературната секција се членки од шесто одделение и континуирано творат, пишуваат поетски творби, денеска се претставија со проза и со поезија. Ученичките се многу креативни имаат и речник и јазик и стил, рече наставникот Адамовски.
А.Б