АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 7 декември на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа седмата Олимпијада по експериментална физика, насловена како „Ден на индуктивноста" ,организирана од Друштво на физичари на Р.Северна Македонија и Унија на физичари на Р.Бугарија. На оваа Олимпијада настапија околу 100 учесници од Македонија,Бугарија, Казахстан, Црна Гора. ОУ "Даме Груев" учествуваше на овој настан со ученикот Михаил Јанакиевски од 9 одд.,менториран од наставничката по физика Валентина Степановска-Андонова, во категоријата S, најмлади учесници. Tие беа единствени учесници од нашиот град. -Посебно го цениме искуството што го стекнавме на овој престижен интернационален натпревар- вели наставничката Степановска-Андонова. Инаку, најмладите учесници во категоријата S како задача го имаа мерењето на параметрите од елементите на експерименталната задача, односно мерење на индуктивноста преку мостот на Максвел.