АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработените на АД ЕСМ од дирекцијата и од подружниците во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струга и Кавадарци се вклучија во државната акција за чистење која се спроведе денеска.
Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, кој заедно со вработените го чистеше делот околу старата градска болница, порача дека компанијата е дел од сите акции и активности кои значат почиста и подобра животна средина, што е соодветно на определбата на АД Електрани на Северна Македонија, како општествено одговорна комппанија.
Инаку, вработените ги чистеа површините во кругот и околу производните и административните објекти, како и просторот околу акумулациите кој е отворен за посетители.
Се чистеше околу управната зграда на плоштадот Македонија, околу новата управна зграда која се наоѓа спроти Музеј на Град Скопје и околу старата Градска болница.
Дел од вработените го исчистија видиковецот над езерото Козјак, кој е популарна дестинација за излет и прошетка во близина на Скопје.
Собран беше отпадот и околу акумулациите Шпилје и Глобочица, како и околу другите акумулации кои се отворени за јавен пристап.
Во термоелектраните беа исчистени круговите на производните капацитети, кои се локации со големи површини.
Надворешниот отпад, како и отпадот од внатрешните простории, на крајот на акцијата беше организирано предаден на соодветните комунални служби.
(Акција во РЕК Битола)