Денес ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола беше домаќин на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ од Битола. Оваа хуманитарна акција ја организираа учениците од I – 5 во соработка со професорките Марија Илиевска, Дарија Стаматова и Ема Ќука. Средбата беше отворена со новогодишна претстава напишана од Јована Балуловска ученик во I – 6.
Учениците од I година претставата ја завршија со песната „За овој свет“ од Тоше Проески и „Ве сакаме“ со знаковен јазик со што измамија насмевка кај присутните гости. Во склоп на целата организација Дедо Мраз им делеше подароци на гостите кои беа направени од самите ученици. Дека детската љубов е најчиста и најискрена денес беше потврдено со емотивната средба и дружење на децата.
Во иднина ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола ќе продолжи да ја негува оваа традиција под мотото „Донирај среќа!“