АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола на 14 декември 2019 година распиша оглас за вработување на 182 лица, а на 21.12.2019 година оглас за вработување на 12 лица. Станува збор за потреба од работници на различни позиции, како што меѓудругото, се технолошко чистење, заварувач, бравар... Огласот за вработување е логична последица на потребата за обновување на човечкиот потенцијал со кој располага РЕК Битола ако се знае дека во текот на 2019 година на 208 работници им престанал работниот однос по различни основи. Во најголем дел заради остварување на правото на пензија.
Слична е состојбата со бројот на вработени во комбинатот и за минатата, 2018 година, кога на 100 работници им престанал работниот однос по разни основи, а се вработилe 68 лица.
Некоректно и тенденциозно е тврдењето дека се врши масовна партизација на РЕК Битола во услови кога се работи за едноставно пополнување на работни позиции од кои зависи производствениот процес и кога огласот беше јавен и транспарентен, согласно законските прописи.
РЕК Битола бара од политичките партии да се однесуваат одговорно кон најголемиот производител на електрична енергија во земјата и кога се зборува за Енергетската стратегија за периодот 2020 – 2040 година. Хипотетичките сценарија за развој на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија недозволиво е да се претворат во “приказни за плашење на мали деца”.