АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила гради пешачка патека долга 500 метри која води низ населбата се до реката Шемница каде за празникот Богојавление Водици се фрла крстот. Патеката се гради по барање на жителите на Могила, а со цел поголема безбедност на учениците и пешаците.
„Се грижиме за безбедноста на пешаците. Могила наликува на мало градилиште, а вршиме и увид врз работата“, вели градоначалничката Јасмина Гулевска.
Општина Могила неодамна постави и тротоар за учениците и пешаците во село Дедебалци.
Ж.З.