АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Tопли оброци од риба и грав беа поделени вчера во рамки на акцијата „Food drive – 400 топли оброци“ за социјално загрозените семејства во Битола. Храната се готвеше и делеше во старата битолска касарна а истата ја подготвија вработените во „СН Финансии“ заедно со Црвен Крст на Република Македонија, Општинска организација Битола.
-„Денеска заедно со Општинската организација на Црвен крст на Битола делиме 400 оброци за социјално загрозените семејства во Битола. Се работи за храна која ја обезбеди СН “Финансии“ и Туристичката агенција “ЈК Травел“. Подготвени се 100 кг риба, 60 кг грав, обезбедени 200 леба, 15 кг зелка, и се она што беше потребно за да се подготви овој оброк.Мило ни е што токму пред новогодишните и божиќните празници сме дел од оваа акција, и можеме да помогнеме секое семејство во Битола да добие оброк каков што заслужува“ велат од двете компании.
Најсреќни вчера беа децата, добивајќи го своето прво новогдишно пакетче, боенки и боици. Вработените од „СН Финансии“ пак за секое семејство донираше и топла облека и обувки.
Оваа акција се одржува по четврти пат во Битола, во организација на Црвен Крст на Република Македонија, Општинска организација Битола.