2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолската библиотека го одбележа патрониот празник

Декември 07, 2017

Битолската библиотека НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, денеска го одбележа свјот патрон празник со свечена програма и повеќе активности.

 Александар Гулевски, одржа предавање и видео презентација со наслов „Моќта на буквите“, кое беше и мотото на годнешната прослава. 

-Оваа видео презентеција зборува за глаголицата, делото на Св Климент, односно неговата глаголска активност во Охрид и Охридската книжевна школа. Оваа видео презентација има за цел да прикаже како се пишува глаголица и како се формираат глаголските букви со помош на три христијански симболи: крстот, кругот и тријаголникот, изјави Гулевски на денешната презентација

Директорката на библиотеката, Јелена Петровска, во своето обраќање рече дека библиотеките како книгохранилишта се столб на општеството, бастион на писменоста и чувари на културното наследство и пишаниот збор

-Името на Свети Климент инспирира да бидеме вистински чувари на културното наследство на нашите просветители. Иднината е светлината кон која одиме низ животот, а факелот со кој ја осветлуваме е во нас библиотекарите, рече Петровска. 

Градоначалничката Наташа Петровска им го честита патрониот празник на сите вработени во билиоеката.

biblioteka2

-Во оваа институција се сместени илјадници изданија, илјадници страници, кои кријат мноштво информации, кои на луѓето им пружаат можност да ги прошират своите знаења, видици и богатство, изјави Петровска

По повод патрониот празник беше  промовирана  Библиографија на магистерски и докторски трудови одбранети на битолскиот универзитет  во периодот 1991-2016 година, потоа списанието „Библиотечен тренд“ и Зборник од 12. Роднокрајна средби на битолските писатели во Македонија, а беше поставена  изложба „Од Бога даруван- пастир и учител“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани