АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ние доаѓаме од Македонија, земјата во која се одржува најстариот фестивал посветен на кинематографијата „Браќа Манаки“ кој годинава ќе има 47 издание, рекоа македонските сниматели Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ во нивното официјално обраќање од сцента за при доделување на награди на ASC- американската асоцијација на кинематографери, кое се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес.
„На фестивалот Браќа Манаки имав можност да се запознаам со реномирани мајстори на филмската слика меѓу кои Вилмош Зигмонд, Ед Лакман кој исто така е и на оваа манифестација, Кристијан Бергер, Џон Сил, Роџер Дикинс и многу други. Тоа што ја одбрав оваа професија не беше случајно.Тие се многу инспиративни не само со нивната работа, туку и со нивната големина да го споделуваат своето знаење и искуство “, рече Љума.
Во моментот кога го спомна фестивалот „Браќа Манаки“ можеше да се чуе голем аплауз од присутната кинематограферската елита!
Благодарност до Љума и Даут денес упатија и од Интенационалниот фестива на филмска камера „Браќа Манаки“.
„Во обраќањето на ASC Awards тие го споменаа токму ИФФК ‘Браќа Манаки’ како најстар европски фестивал за кинематографија и како инспиративно место каде што веќе сретнале дел од кинематограферската елита! Немаме доволно зборови да го искажеме нашето воодушевување за нивниот подвиг и благодарност што се сетија на нас“ напишаа од ИФФК „Браќа Манаки“ на фејсбук.
На ASC годинава за првпат беа додели наградата за најдобар документарец, која отиде во рацете на кинематограферите на Медена земја-Фејми Даут и Самир Љума.