АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Подобри услови за настава доби училиштето во село Лопатица кое работи во состав на ОУ „Александар Трунџев“ од Кукуречани. Поради влага и мувла се распаѓаа ѕидовите во тоалетите, а училниицте со години не беа бојадисани. Сега, училиштетото, каде се изведува настава за ученици од прво до петто оддлнеие, доби нов лик, а наскоро ќе биде заменета и старата дограма.
-Во ова училиште имаше ужасни санитарни јазли кои што предизвикуваа проблеми и во самата конструкција на зградата. Се изврши целосна реконструкција на санитарните јазли, на довод и одвод, како и целосна санација на ѕидните плочки, така што комплетно овој простор доби поинаков изглед, онаков каков што доликува во секоја образовна институција. Дополнително, со свои средства општината изврши бојадисување на внатрешниот дел од училниците и набавка на нови печки, затоа што застарените веќе од различни аспекти беа дискутабилни, од тоа каков капацитет на греење имаат, но и до тоа како ги саѓосуваат ѕидовите во самите училници. Над 230.000 денари се вложени досега само во ова училиште, следуваат зафати со промена на врати, што потврдува дека приказната не завршува тука, особено кога станува збор за нашите најмили“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Исто така, до неодмана, наставата во ова училиште се одржуваше во една комбинирана паралелка, во која учеа ученици од прво до петто одделение. На барање на родителите, сега наставата се одвива во две комбинирани паралелки, што овозможува многу поквалитетна настава за 14-те ученици во училиштето.
Паралелно со овој проект, Општина Битола аплицираше и обезбеди средства за уредување на излетничко место во селото Лопатица, со што ќе ја зголеми атрактивноста на оваа локација, на патот Битола-Демир Хисар.