2win800x200

Костадиновска-Стојчевска: Со реконструкција на Старото училиште во Љубојно ја зацврстуваме колективната меморија на државата

Март 26, 2024

Министерката за култура Бисера Костадиновска–Стојчевска во интервју на ТВ „Слободен печат“, говореше за значењето на Старото училиште во Љубојно и негово прераснување во Центар за промоција на македонскиот јазик. 

Таа рече дека овој објект не само што е важен поради тоа што претставува едно училиште каде што се образувало голем дел од населението, туку таму се школувале  дури и некои од  денешните лекари, наставници кои живеат не само во тој регион од државата, туку низ цела држава, па и надвор.

„Старото училиште во Љубојно е стратешки и важен објект затоа што претставува место кое е врзано со колективната меморија на сите во цела држава. Тој објект ќе претставува Центар за промоција на македонскиот јазик и афирмација на македонската култура преку разни видови проекти. Еден дел од активностите на Советот за македонски јазик ќе се одвиваат таму.  Вториот аспект е да се одржуваат едукативни семинари, часови по македонски јазик за да може училиштето да го вратиме на онаа првобитна дејност која што ја имало“, изјави министерката за култура во однос на актуелната реконструкција на Старото училиште во Љубојно, за која што Владата обезбеди двегодишно финансирање, по што објектот ќе биде ставен во функција.

Министерката за култура изрази задоволство што по минатонеделната посета, локалното население ја чува меморијата за значењето на училиштето. „Навистина ми е драго што нивните очекувања се веќе остварени, како што и самите кажуваат, тоа беше еден процес кој многу долго се најавувал, меѓутоа јас и минатата година кажав дека таму моравме да почнеме буквално од почеток“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани