АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски извршија увид на градежните активности и реконструкција на локалниот пат Дрмени – Лавци.
-Во завршна фаза е реконструкцијата на три километарскиот патен правец Дрмени- Лавци. Реконструкцијата на патот чини 11,2 милиони денари, а од нив 1,7 милион денари се средства обезбедени од Општина Ресен. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, имплементиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, вели Гого Видимче директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион .