2win800x200

Филипче потврди-Двајца бугарски државјани во домашен карантин во Битола

Февруари 28, 2020

Двајца Бугари кои работат во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола, потврди денеска на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. 

Работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија, додека пак струмичанецот досега немал никакви индикации дека е болен се додека не покачил температура. Резултатите се очекуваат во текот на денот.

„Бугарските државјани ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Тие немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период од 14 дена под здравствен надзор“, рече Филипче.

Тој информираше и дека се размислува за ограничување на јавни собири, за што денеска на седница ќе расправа Владата и ќе донесе одлука.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани