АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработени од Јавното претпријатие „Комуналец“ вчера рачно го исчистија расфрланото ѓубре од улицата „Илинденска“, а во дел и од „Дебарска“. Тие се метли го изметија коловозот, па и тротоарите и просторот пред влезните врати од куќте. Битолчани беа изненадени зашто до сега никој не им сметил пред вратите, освен тие сами. Покрај ова се искосија и средија и останатите зелени површини на овие улици.
Најмногу ѓубре се расфлрла од насовесни граѓани кои отпадоците ги фрлаат на улица, ученици кои на големиот одмор купуваат храна од малските колонијали, а амбалажата место во корпа за отпадоци ја фрлаат зад себе. Не помалку се виновни и одредени продавници кои сметот наместо во затворени контејнери го чуваат на отворено, па ветрот го разнесува низ улиците.
Директорот на ЈП „Комиуналец“ Панде Богоевски рече дека се работ за поголема акција за чистење на повеќе улици иако не се во нивната годишна програма за јавна чистота.
„Комуналец има обврска да работи според програматра за јавна чистота а во неа се наведени точно кои улици се обврска на Комуналец и за нив добиваме пари од Општината. Но, покрај тоа има многу барања од граѓани од различни населби каде не е предвидено да се врши чистење. Од тие причини ние сакаме да излеземе во пресрет на нивните барања затоа презедовме акција која трае неколку недели и ќе продолжи во седниот период. На одредени локации со поголема група на луѓе се изврши рачно чистење, метење на улиците каде според зборовите на граѓаните ова за прват се случува во нивните улици. Се работи на улица Дебарска, Илинденска, а во претходниот период околу болницата Плодност, на Лавчански пат, улица Анесети Пановски, населба Кланица, а во следниот период влегуваме на улица Ружа Делчева“, рече Богоевски.
Останува прашањето до кога ќе остане чисто?
Ж.З.