"Сите за почиста и позелена Битола"- пролетна акција на Општината и ЈП Комуналец

Март 18, 2023

Со првите пролетни денови, Општина Битола и јавното претпријатие „Комуналец“, започнуваат со реализација на активностите кои се дел од проектот „Сите за почиста и позелена Битола“. Првата организирана акција за засадување на нови садници и зазеленување на Битола, ќе се одржи на 22 март во Брусничка населба со почеток во 11.00 часот. Активностите ќе продолжат и во другите денови, согласно Програмата изготвена од ЈП Комуналец, на повеќе локации. Предвидено е со оваа акција да бидат засадени 2000 садници, соодветни за условите на избраните места во урбаната средина, а истите во понатамошниот период добро да се одржуваат, со цел зголемување на зелените површини во градот.

Во акцијата можат да учествуваат, сите општествено одговорни компании, правни и физички лица, кои својот интересза учество ќе го најават на телефонскиот број 075282294 или преку електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Паралелно со овие активности, ЈП Комуналец, продолжува со расчистување на дивите депонии, а со вклучување во организираната акција „Генералка викенд“, Битола, повторно на организиран начин ќе ја покаже заедничката заложба на општината, јавните претпријатија, приватниот сектор, воспитно – образовните институции и сите заинтересирани поединци, за почист град со многу зелени површини.

Континуирано, во периодот што следува, ќе се работи на хортикултурно уредување и создавање на нови паркови во урбаниот и руралниот дел на општината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани