2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден пред 100 години е роден Пецо Гудовски

Март 03, 2020

На 3 март во  1920 година во селото Лавци, Битолско, во сиромашно земјоделско семејство, роден е Пецо Гудовски.

 Основно образование завршува во селското училиште, но поради сиромаштијата од 16 годишна возраст работи во селското училиште како служител. Тука започнуваат неговите први
активности и контакти со селскиот учител Тодор Ангелевски -Тошо Даскалот Строгов.  
Веќе во 1941 година станува член на СКОЈ како напреден младинец. Со доаѓањето на бугарскиот окупатор заедно со Тодор Ангелевски има големи заслуги за организирање на скоевските групи и формирање на партиската организација, како и подготовка за формирање на првиот партизански одред ,,Пелистер“. Со разбивањето на првиот партизански одред ,,Пелистер" во 1942 година на 2 Мај бил уапсен од бугарската полиција и ставен во затвор под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот каде е измачуван повеќе од 40 дена.  
Се враќа на работа во селското училиште што му овозможува да продолжи со партиска работа.  
Во април 1943 заминува во партизани, првите денови во одредот ,,Даме Груев", а потоа во одредот ,,Гоце Делчев“. Со одредот ,,Гоце Делчев“ учествува во борбите во Егејска
Македонија и Преспа.  
Со формирање на баталјонот ,,Стив Наумов“ одредот ,,Гоце Делчев" влегува во негов состав, а подоцна  се формира Првата македонско-косовска бригада   во чиј состав  влегува и баталјонот ,,Стив Наумов“, кој   учествува во борбите во Егејска Македонија, во  борбите кај Кочани и Куманово каде на 26 февруари 1944 се формира Третата македонска ударна бригада. Пецо Гудовски беше поставен за заменик командант на баталјонот.  
На 22 август 1944 година се формира Седмата македонска ударна бригада наречена „Битолска“ каде најпрво е поставен за заменик командант за по 25 дена од формирањето да се назначи за командант на бригадата се до нејзиното реорганизирање во февруари  1945 г.  
Како командант на Втората бригада во февруари 1945 година заминува за Сремскиот фронт се до април 1945 година.  
После ослободувањето завршува воена академија во Сараево, како и други воени школи , обуки и курсеви за потребите на службата во ЈНА. 
Од 1946 се до 1956 година се наоѓа на различни должности во ЈНА. Од таму си заминува со чин  мајор за да достигне до чин полковник во резервниот состав на армијата.  
Од 1956 година извршува важни функции,  претседател на Општина Дихово, активен член на општествено политичките организации, претседател на  Сојуз на резервни воени старешини, преседател на Титов фонд Битола, претседател на Сојуз на борци Битола  и долгогодишен началник на одделението за Народна одбрана Битола .
Носител е на многубројни одликувања и признанија меѓу кои Партизанска споменица  1941 , Орден заслуги за народ со златна ѕвезда, Орден народна армија со златна ѕвезда,  Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Орден братство и единство, Орден за храброст и многу други.  
Почина на 14 август 2005 година во Битола.
 
(Биографија Искра Гудовска Костадиновска)
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани