АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во населбата Горно Оризари, на кракот од ул. „Крсте Нале“, на површина од 400 квадратни метри, се поставуваат бекатон плочки. Општина Битола информира дека овој зафат е во вредност од околу 400.000 денари.
„Само во изминативе две години, во Општина Битола имаме поплочена кал на површина од околу 9.300 метри квадратни, за што се вложени над 7.240.000 денари. Кал, на која досега газеле нашите сограѓани“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Во населбата Мал Париз пак, се работи на реконструкција на канализацијата од страна на КЈП „Нискоградба“ во третата уличка, откако веќе претходно, со средства од Општина Битола беа целосно санирани две улици и истите беа поплочени со бекатон плочки. Овој зафат чини околу 300.000 денари.