АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Професорката Снежана Стоилова обвинува дека на Високата медицинска школа во Битола веќе подолг период се работи незаконски, а изборот на наставен кадар со поништен конкурс и без обебедено потребно мнозинство е само дел од тие активности што се спроведуваат надвор од законот.
Дел од професорите се спротиставиле на објавениот конкурс за наставен кадар уште по неговото објавување во јуни оваа година.
-Кажавме дека таков кадар не ни е потребен. Ние имавме тогаш приоритетна потреба од медициснки кадар кој што би покрил предмети за кои што немаме професори, а во тоа време бевме во фаза на акредитација на нова студиска програма, санитарни инженери. Директорката, Домника Рајчановска, не го прифати нашето укажување да се распише конкурс за лекар од превентивна дејност кој би ги покрил тие области. Ние имавме проблеми и со акредитацијата, односно имавме уписи на студенти кога ја немавме акредитацијата. Ние до ден денес немам обезбедено таков наставен кадар. Тогаш се прибриаа луѓе од улица, а јас укажав дека доколку некој не е избран и не е од соодветна област не може да предава ниту во основно образование, а не во високо. За сметка на тоа страдаат студентите, а сите треба да се запрашаме кој држи настава, вели Снежана Стоилова, професор на ВМШ
И покрај укажувањата на група професори, Стоилова вели дека диркеторката и понатаму ја спроведувала процедурата за избор на наставник.
-Ние укажваме на сите неправилности, а директорката ја тераше постапката, по што ние одлучивме да не обезбедиме двотретинско мнозинство, за да не се спроведе одлука која според нас е незаконска. Државниот просветен инспекторат констатира дека е незаконски објавен конкурсот за поле кое не соодветно на нашите студиски програми. Инспекторатот го поништи конкурсот, а диркеторката распиша друг конкурс и без ние да знаеме свика Насатвно научен совет, без двотретинско мнозинство и на пропаднат и поништен конкурс ја избра кандидатката за наставник. И покрај незаконскиот избор, директорката напарави неуспешен обид во Агенцијата за вработување, незаконски да ја пријави избраната кандидатка, изјави Стоилова.
Професорите велат дека согласност за вработување е обезбедено уште од претходната Влада, а се вршеле притисоци вработувањето по секоја цена да се реализира.
-Онај притисок што се вршеше врз нас, притисок врз инспекции, укажува на тоа дека се работи за личност која по секоја цена треба да се вработи, затоа што согласноста е добиена пред заминување на претходната Влада, вели Стоилова.
Стоилова ги повика надлежните, да спроведат контрола врз работата на Високата медицинска школа за конечно да се стави крај на сите незаконски активности.