Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од корона вирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните подрачја и носење вистински одлуки.
Според генералниот директор на ГДи Скопје, Дејан Крстевски, оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот, каде податоците се ажурираат согласно известувањата на институциите и на светските статистики. Тимот на ГДи ширум светот придонесува за нашите заедници со знаење, технологија и податоци.
„Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на корона вирусот, всушност, е живот во криза“, вели Крстевски.
Географски информациони системи (ГИС) се начини за организирање, презентирање и анализирање на просторни и географски податоци. ESRI е водечка организација во областа на географијата и давател на ГИС ресурси.
преземено од https://lokalno.mk/