Денес, по повод празникот на општина Новаци и патрониот празник на ЦОУ "Славко Лумбарковски", пред бистата на патронот цвеќе положија делегација од Општина Новаци предводена од градиначалникот Љубе Кузманоски и делегација од училиштето предводена од директорот Илче Соклевски.
''Денес го одбележуваме раѓањето на големиот херој Славко Лумбарковски и 64 години постоење на општинското основно училиште "Славко Лумбарковски" .Нашето училиште е расадник на трајни знаења и вредности на голем број генерации .
Ги поздравувам сите досегашни достигнувања и идни заложби за подобрување на условите за работа на учениците и наставниот кадар .
Како локална самоуправа ќе продолжиме да вложуваме во нашите ученици , во нашите деца, во насока на подобрување на воспитно-образовниот процес."-истакна градоначалникот Кузманоски
По повод Денот на општина Новаци , од општинопштинска делегација положи свежо цвеќе и на гробот на бранителот Пеце Матичевски од Новаци кој загина во конфликтот во 2001 година.
"Пеце Матичевски се запиша во историјата на македонскиот народ, стана дел од неговата борба за мир и слобода, стана народен херој.
Никогаш нема да биде заборавен.Неговото дело ќе го споменуваат поколенија и поколенија", велат од Општина Новаци