2win800x200

Малиот Битолски Монмартр се подготвува за 39 издание и за 38 Светска изложба на детски ликовни творби

Март 29, 2020

 

Малиот Битолски Монмартр се подготвува за најновото 39 издание, и за 38 по ред Светска ликовна изложба . На конкурсот кој траеше до 20-ти февруари учествувале околу 300 школи, ликовни студија, градинки од 33 држави со преку 15.000 детски цртежи. Стручното жири од вкупно пристигнатите творби додели награди за учество на Малиот Битолски Монмартр, награди за колекции, златни палети, дипломи и селектира 717 најдобри дела за 38-та Светска изложба која ќе биде поставена и отворена на 23 мај и ќе трае до крајот на 2020 година, која како и секоја година е посетувана од голем број туристи и љубители на уметноста.

Резултатите од конкурсот се веќе објавени на нашата веб страна

www.smallmontmartreofbitola.com

Добитникот на највисоката награда Гран При 2020 за прв пат ја добива 18 годишната Марија Дима од Букурешт - Романија, која е веќе неколку годишен учесник на Монмартр , а оваа година испрати своја колекција од 20 дела.

Каталогот и останатиот репрезентативен материјал (разгледници) и наградите  се во подготовка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани