АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Медицинските сестри и акушерки имаат важна улога во одржувањето на здравјето на населението во светот, стои во пораката на Светската здравствена организација по повод 7 април, Светски ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“.
– Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО.