АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор изврши детална и целосна дезинфекција на социјалните згради во Битола, Ресен и Демир Хисар и на административната зграда на Подружницата.
Со третман кој ги уништува сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините, беа дезинфицирани три социјални згради ( со 121 станбена единица) во кои се сместени социјално ранливи категории граѓани -лица приматели на социјална помош, самохрани родители, деца без родители, лица со инвалидитет и др.
Стручните тимови употребија средство кое е еколошко, односно кое и покрај својата голема ефикасност е целосно безбедно за околината. Во овие згради, како и во објектот на Подружница Битола, дезинфицирани се влезовите на објектите, лифтовите, скалиштата, ходниците и подрумите
.Акцијата ќе биде повторена уште неколку пати и е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.
Во изминатите неколку денови темелна дезинфекција беше извшена и на сите останати социјални згради и административни згради на АДСДП и тоа во Скопје, Охрид, Струга, Кочани, Македонска Каменица, Берово,Прилеп, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Штип, Пробиштип, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес и Македонски брод.