АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Новаци и ЈКП "Комунална Хигиена" ја започнаа втората фаза од оперативниот план за дезинфекција на јавни површини ,објекти ,урбана опрема,фрекфрентни места и пешачки патеки.
Активноста која започна на 8 април е дел од сетот превентивни мерки за заштита на населението од коронавирусот донесени од Општинскиот кризен штаб со кој раководи градоначалникот Љубе Кузманоски.
Екипи од ЈКП "Комунална Хигиена " и за време на викендот кога има целосна забрана за движење , вршат дезинфекција во населените места по однапред утврден распоред .
Оперативниот план покрај активности на дезинфекција , содржи и активности за миење на локални улици ,патишта и тротоари по утврден приоритет и фрекфенција.
Заради обезбедување на поголема заштита на јавното здравје, Општина Новаци им препорачува на граѓаните доследно да ги применуваат мерките на Владата , препораките од Министерството за здравство како и мерките и препораките од Општинскиот кризен штаб ,посебно во поглед на личната и дезинфекцијата на своите домови.