АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден - 22 април1942 година, Во близина на селото Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.
Броеше 19 борци. Набрзо, откако преку шпиони е лоциран од бугарската окупаторска војска и полиција, на 3 мај 1942 година над селото Ореово, Битолско е опкружен и разбиен.
Притоа загинаа: народниот херој Елпида Караманди, која всушност, беше тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени се: Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои беа одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна обесени.
Останатите партизани од Одредот успеаа да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.
подготвил: д-р Александар Литовски, историчар