АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во сообраќајна незгода кај туланата на стариот пат Могила – Тополчани, вчера во 20.35 часот автомобил „ауди“ со битолски регистарски таблички управуван од Р.Г.(40) од Битола излетал од патот, при што возачот го загубил животот.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола, по што по наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција.
За учесниците во сообраќајот, Битола е најризичен град во земјава изминатиот период , открива статистиката на Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај. На подрачјето на СВР Битола, годинава животот го загубиле 27 лица. На второ место според бројот на загинати е Скопје со 24 жртви, по што следуваат Штип со 22-ца починати и Струмица со 16.
Во анализата се потенцира дека главна причина за несреќите е возење со брзина поголема од пропишаната.