АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со мнозинство гласови на советниците во Советот на Општина Битола, за командир на Полициската станица од општа надлежност во Битола, денеска е избран Драганчо Велевски.
Од Минситерството за внатрешни работи, до Советот беше доставена листа со тројца кандидати, на која покрај Велевски, предложени беа и Горан Мицевски и Зоран Боцевски.
Членовите на битолскиот Совет го избраа Велевски со тајно гласање.
Драганчо Велевски завршил Факултет за детективи и безбедност и има 31 годишно работно искуство во полиција.