АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицискиот час викендов ќе трае пократко. Наместо во 14 часот ќе почнува во 19 и ќе трае до 5 часот следниот ден. Ваков предлог Комисијата за заразни болести денес поднесе до Владата, а таа ќе го разгледа и ќе донесе одлука уште денес.
„Утрово имавме состанок на Копмисијата за заразни болести и бевме вклучени директно на Централниот штаб во Владата и предложивме полицискиот час за време на викенд да биде од 19 часот до 5 часот наутро. Тоа како предлог ќе се даде на седница на Влада. А во однос на олабавувањето на мерките што е предвидено да се случи од следната недела, односно од понеделник, останува да ја следиме состојбата и во текот на денешниот ден, да ги анмализираме случите од денешниот ден на утрешниот утрински состанок и потоа ќе излеземе со соодветни предлог мерки до Штабот и Владата“, рече Филипче.