АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Техничкото училиште со оригинална кампања пред уписот за новата учебна година.Поради состојбата со коронавирусот кампањата ќе се изведува целисно по електронски пат преку социјалните мрежи и билборди.Во прва година ќе се запишат 365 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за електротехничка и машинска струка.
-Во последните две години запишуваме рекорден број на ученици во прва година, најголем во последните 10 години. Планираме овој тренд да го продолжиме и оваа учебна година. Соработката со Германската стопанска комора и Кромберг и Шуберт продолжува. Во тек се подготовките за објавување тендер за санирање на целокупната кровна конструкција и замена на дотраената дрвена дограма со ПВЦ, со средства од донација на Бугарската влада и кофинансирање на Општина Битола. Тендерот се планира да се објави наскоро.А градежните работи се планира да завршат до почетокот на новата учебна година, вели Владимир Роме, директор на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола.
Наскоро со средства на општината ќе започнат активности за целосна санација на ученичките тоалети.
За К О Н К У Р С О Т
за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија
СРЕДНО ОПШТИНСКО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЃИ НАУМОВ“ прочитај тука-
http://gorginaumov.edu.mk/?p=7782&fbclid=IwAR2jo2QjbJax1GZ3syYlEZBWoCqvqZ7702X4tv97B_bpKX1u4WRQ90FQMqo