2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со бугарска донација заменети покривот, дограмата и осветлувањето во Техничкото училиште во Битола

Март 03, 2022

Бугарија донира 133 000 евра за подобрување на условите за настава во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола. Со парите комплетно беше заменета старата дограма, светилките со ново лед осветлување и азбестниот покрив со нова кровна конструкција, ново заштитно громобранско заземјување, роло завеси и бојадисување на сите училници, реновирање на спортска сала, нејзино осветлување и други интервенции. Како кофинасиер се јави Општина Битола со 27 000 евра за време на претходната локална власт кога градоначалник беше Наташа Петровска. Со инвестициите училиштето стана енергетски ефикасно и сега има заштеди на електрична и топлинска енергија.274730852 364182892236181 5474527774741857971 n

„ Ова беше најголемиот инвестициски зафат од странска донација во училиштето. Сега е енергетски поефикасно бидејќи осветливањето кое го имавме претходно беше со флуресцентни светилки и пригушници, а сега се заменети до лед осветлување. Заштедата е меѓу 30 и 40 проценти во однос на потрошувачката на електрична енергија што во момент кога има криза на елекетрилчна енергија е голем бенефит за Општина Битола која ги покрива режиските трошоци во нашето училиште. Имаме заштеда и во греење зашто прозорците се нови и нема веќе загуби на топлинска енергија “, рече директорот Владимир Роме.111

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов рече дека ова е втора донација за ова училиште и пред 14 години помогнале да се отвори тениско игралиште. Конзулот на Бугарија Димитар Иванов посочи дека секоја година во земјава влегуваат еден милион лева или над 500 000 евра како донација од Бугарија, најчесто како помош во образованието, здравството и други проекти. Во Пелагонискиот Регион послените две-три години помогнале во реновирање на неколку училишта во Бач, Радобор, Чарлија, Беранци, а донирале 200 таблети за ученици.

„Благодарност за донацијата и како нова локална самоуправа ќе ја продолжиме соработката со Република Бугарија со цел правење на поголем број проекти на територијата на Битола“, рече заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски.7777

274973254 489399066222545 8658099970389974380 n

274888974 938317426828019 9044228740653219622 n

275036598 4867999779915080 8260223838537390285 n

12 000 евра Бугарија донираше и за опремување на Горската служба за спасување во Битола со кои се набавени АТВ мотор, санката, спасителна носилка и друго со цел пистап до потешко достапни терени и извлекување на лица.274800126 418678156729744 4907937051241123052 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани