АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве работат во надворешниот дел на Oфицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид во работата на терен. Силјановски појасни дека со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.
Вредноста на оваа инвестиција е 1,5 милиони денари, средства од Општина Битола.
Во внатрешноста на објектот се работи на сите катови од Офицерскиот дом, според предвидената динамика. Во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи.