2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од Марика од Јени Маале до Манди Пајтонџија- нови битолски серенади кои долго ќе се пеат на боемските седенки

Август 25, 2023

Првиот Фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада“ ги оправда големите очекувањата на битолчани. При синоќешната изведба во Центарот за култура, каде беше поместен настанот од Офицерскиот дом поради временските неприлики, не остана слободно столче. Битолчани, жедни по серенада, музички композиции чие негување има посебна традиција во Битола, ја наполнаа салата.

Седенадите како бисерен гердан ги навезаа 16 познати македонски изведувачи пеејаќи во живо придружувани од Камерниот оркестар на Битола. Ноќ за паметење со силните и емотивни вокални изведби на докажани македонски музички ѕвезди како Драган Мијалковски, Билјана Дамјановска –Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Ламбе Алабаковски, Група „Боеми“, Мишко Крстевски, Раде Стаматов, Никола Зацевски, Игор Илиевски, Димитар Андоновски и други. Песните во кои претежно беа воспеани љубовта кон саканата и Битола ги напишаа Љупчо Трајковски- Фис, Петар Герогиев- Калица, Огнен Неделковски, Валентин Светозарев, Боби Поповски, Сашко Савевски и други познати текстописци кои на музичката сцена досега се докажале со своите врвнби стихови. Музичките аранжмани беа на Михаил Марковски, Раде Стаматов, Љупчо Трајковски-Фис ,Сашко Савевски, Давор Неќак, Глигор Копров, Боби Поповски, Николче Мицевски и други.

боеми

На овој фестивал се изродија  нови серенади за кои со сигурност може да се каже дека ќе станат староградски хитови со кои ќе бидат зачинети идните боемски седенки. Се родија хитови кои допрва ќе станат незаборавни. Меѓу нив сигурно ќе биде и „Марика од Јени Маале“ по музика и текст на Боби Поповски (авторот на популарната „Пусти мерак Ратке“) а во изведба на битолските „Боеми“ која доби голем аплауз од публиката. „Марика од Јени Маале кога шета по малското џаде, нити очи, нити глава врти, лична е памет ќе ти сврти... ако реши да те погледни, срце ќе ти зароби“, се пее во песната.

Меѓу серенадите кои оставија силен впечаток е и „Не можам да си ја лажам душата“ , музика на Кирил Стојчевски, текст на Валентин Соклевски, а ја изведе битолската музичка дива Билјана Дамјановска –Јанчевска.

билјана

Пајтонот на Манди и овој пат беше опеан уште во една серенада „Пајтонџија“, по музика на Михаил Марковски, текст на Никола В. Ристевски, а песната ја испеа Христијан Тоневски во придружба на хорот придружба на хорот Pop Rock Choir - BitVox кој работи под менторство на Марина Коруновска и Александра Ристовска. Оваа серенадата  ја плени публиката со музичкиот стил и ритам, вокалната изведба на Тоневски, хармонијата и ентуизијазот на хорот, како и текстот во кој се пее: „Брате Манди пајтонџија, давам пари неброени, до дома да ме однесиш“.

пајтон

Како и секогаш брилијантен на сцената беше Драган Мијалковски со „Чекај ме мила моја“ по музика и текст на Љупчо Трајковски-Фис. Според реакциите на публиката и певливоста на песната со битолски мотиви долго ќе се пее и „Во Офицерски“ на Никола Зацевски по музика и текст на Сашко Савевски. Беспрекорна изведба и на Трио џентлмен, Елена Георгиевска, Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски и другите изведувачи.

драган

Фестивалот беше во организација на КИЦ-офицерски дом Битола. Требаше да се одржи на платото пред Офицерскиот дом, но поради дождот неколку часа пред одржувањето беше преместен во големата сала на Центарот за култура. Единствената забелешка е тоа што недостигаше клима за разладување зашто во салата со бројна публика беше пеколно жешко.

Ж.З. 

368517509 1459311658201102 5700029813489749051 n

ламбе

димитар

сефко

калица

станатов

џџ

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани