Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Естреја Овадија Мара,
градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претседателот
на Советот на Општина Битола Валентин Груевски и директорката на ЈОУДГ
„Естреја Овадија Мара“ Лидија Тфирст Митревска, ја одбележаа 60
годишнината од постоењето на установата. Градоначалничката Петровска им
го честиташе јубилејот на персоналот од градинките, упати благодарност за
нивниот севкупен ангажман и ја најави изградбата на нова детска градинка во
Битола.
„Она што ми значело од самиот почеток откако станав градоначалник, е
подобрување на условите за нашите најмили, без разлика дали станува збор за
градинки или за образовни институции, како што се училиштата и повеќе од
евидетно е дека имаме поместување во таа насока. И во градинките од ЈОУГД
„Естреја Овадија Мара“ се направија низа реконструктивни зафати, а меѓу
другото со отворањето на нови занимални овозможивме намалување на
листата на чекање за 120 деца. Сепак, на овој празничен ден сакам да
нагласам дека во моментов се процесира издавањето на градежна дозвола, за
изградба на нова градинка во Касарната. Проектот е целосно завршен и се
очекува следната недела да ја имаме градежната дозвола, со што имаме
отворени раце за градење на нова градинка и за сериозно намалување на
листата на чекање во градот. Капацитетот на оваа градинка ќе биде за 250
деца. Во контакт сме со Министерството за труд и социјална политика,
општината е подготвена да финансира, има и приватни субјекти кои што се
заинтересирани за вклучување, но гарантирам дека градинката ќе биде
изградена, независно која комбинација на финансиски средства ќе биде
направена за нејзина изградба“, посочи Петровска.
Во првата градинка во рамките на установата, отворена во 1960 година, биле
згрижени 44 деца, со 9 вработени лица.
„Денес установата со гордост брои 911 деца , 9 објекти и 113 години, со плодна
и успешна работа, внесувајќи новини, креативност и иновативност. Наместо
завршна приредба и свечена академија, денес гордо стоиме пред патронотот
на нашиот јубилеј. Им се заблагодарувам на сите вработени кои биле дел од
установата и придонесле за нашиот напредок. Огромна благодарност упатувам
до општината, градоначалничката Петровска, Советот на општината и
Министерството за труд и социјална политика, без кои немаше да ги имаме
денешните услови“, рече директорката Лидија Тфирст Митревска
Поради состојбата со коронавирусот, наместо планираната приредба и свечена академија ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара" го одбележа 6 деценискиот јубилеј со повеќе онлајн активности што минатата недела ги објавуваше на социјалните мрежи