2win800x200

Битолчани денес ги посетуваат гробиштата, забраната стапува на сила вечерва

Јуни 04, 2020

Голем дел од битолчани денеска отидоа на гробишта и да ги опеат мртвите, откако вчера Владата донесе забрана за посета на гробишта од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот.

Иако битолчани до лани практикуваа да опеваат за мртвите на Мртов петок и Задушница, годинава овој црковен обред се изведува уште од четврток. Денес во поголемите битолски храмови се одржуваат вакви служби дури до попладневните часови.

received 904435509980859

Битолчани место утре, денес ги посетија гробиштата, положија цвеќе и запалија свеќа. Но, претежно сите беа со маски на лицата и не се создаваше метеж како друг пат за Задушница.

 received 2296974743945027

Бидејќи, утре е забранета посета на гробиштата, нема да има редици од автомобили пред црквите каде има и гробни места. Претходните години, поради големата раздвиженост редовно интервенираше полицијата за да создаде ред.

received 252718882621648

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани