2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Дурловски положи цвеќе пред споменикот Ангел во чест на бранителите загинати кај Гајре

Јуни 04, 2020

Носителот на кандидатската листа со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Петатта изборна единица, оперскиот пејач Игор Дурловски, денес положи цвеќе пред споменикот Ангел во Градскиот парк во Битола, посветен на бранителите кои загинаа во конфликтот во 2001 година. Денес се навршија 19 години од загинувањето на македонските бранители во близина на селото Гајре за време на конфликтот во 2001 година. Битолчаните Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци беа  воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре. Дурловски фотографијата ја објави на својот фејсбукпрофил и напиша: „Велат дека не ветерот, туку последниот здив на бранителите го вее знамето. Благојче Силјанов, Влатко Миленкоски и Пеце Матичевски, нека ви е вечна славата, нека е вечна Република Македонија“.

Заедно со него цвеќе пред споменикот положија и кандидатите за пратеници од Петатта изборна единица кои се од Битола Силвана Ангелевска, Олга Лозновска, Бојан Бојковски и други членови од Општинското раководство на партијата во Битола.  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани