АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Издадена е градежната дозвола за новата градинка точно како што беше најавено, во Касарната и нема да биде една, туку се работи на две, соопшти градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на својот фејсбук профил. Проектот е одобрен од Министерството за труд и социјална политика и изработен е по сите современи стандарди.
,,Локација, онаму каде што оваа локална самоуправа изгради 72% (изразено вредносно во пари 1,6 милиони евра само до минатата година (оти уште има) во Касарната. За најмилите никогаш не е доволно. За младите секогаш треба на стореното едно повеќе. Затоа, нема да е една. Две, на две се работи. Знам кому тоа најмногу ќе им смета. На претходните ,,домаќини". Како можело?! Ете така, кога не гледате проценти за сопствени џебови", напиша Петровска.
Според претходно соопштени информации едната градинка ќе биде со капацитет од околу 150 деца во смена. Според постоечкиот план, ќе се гради во 2 фази. Со изградба на нова градинка во поранешната Касарна во Битола ќе се намали бројот на деца кои чекаат за прием во постоечките детски градинки.
При евалуацијата на проектите за нова детска градинка во населбата АРМ во Битола беше наведено дека „Проектот детска градинка во АРМ четврт-два, зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.