АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила продолжува со реализација на својата програма за уредување на патната инфраструктура во руралните средини.а
-Во изминатиот период инвестиравме на повеќе начини, но по барање на мештаните на населеното место Трап ја реконструиравме и улица Крак 1. Граѓани кои живеат тука, но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредени улици, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 2.063.814 (два милиони шеесет и три илјади осумстотини и четиринаесет) денари, од кои 1.000.000 (еден милион) денари се финансирани од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), а 1.063.814 (милион шеесет и три илјади осумстотини и четиринаесет) денари од Буџетот на Општина Могила.
-Општина Могила благодарение на добро изработените проекти, конкурираше и доби повеќе проекти кои се во интерес на жителите на нашата општина, а локалната самоуправа полека ги решава сите барања и потреби на граѓаните од нашата општина.
Подобрувањето на патната инфраструкутра преку зголемување на техничкиот век на асфалтната површина, зголемената безбедност во сообраќајот, подобрување на сообрќајната поврзаност и комуникација, обезбедување на сигурност на пешаците се главните цели на нашата локална самоуправа.
Реализацијата на овие проекти за реконструкција на патната инфраструктура сметаме дека е највисок стратешки прироритет и ќе придонесе за остварување на стратешките цели во општината, вели Гулевска.