2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВО РЕСЕН 19 ЗАБОЛЕНИ, ОД НИВ 10 АСИМПТОМАТСКИ, ИНДУСТРИСКИТЕ ПОГОНИ СЕ ЗАТВОРААТ

Јуни 15, 2020

 

Во Ресен за само неколку денови бројката на заразени од коронавирусот се искачи на 19. Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски соопшти дека денес се одржа итен состанок на Кризниот штаб. На состанокот службите од Центарот за јавно здравје- Битола кажаа дека во  Ресен има вкупно 19 заболени од КОВИД-19 од кои 10 се асимптоматски и се во домашна изолација, 8 лица се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а едно лице почина пред неколку денови.

Според епидемиолошките истражувања, 90 лица се ставени под здравствена изолација. Во текот на денешниот како и утрешниот ден, очекувам бројот на заболени да се зголеми , како резултат на земените тестови по што очекувам стабилизирање на состојбата“, вели Гошаревски.

Инаку, најголемите индустриски капацитети во Преспа „Свислајон-Агроплод“ , „Хатекс“ и „Стењетекс“ ги затвораат погоните со што максимално ќе се намалиле контактите, групирањето и движењето на луѓето.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани