2win800x200

Двајца новозаболени во Битола, вкупниот број на КОВИД позитивни е 37

Јуни 18, 2020

Две новозаболени лица се регистрирани денес во Битола, со што вкупниот број позитивни на КОВИД-19 сега е 37. 

Драстично се зголемува бројот на заболени во  Ресен, каде се регистрирани 13 нови случаи. Со ова вкупниот број на позитивни се искачи на 45 и за само една недела, Ресен ја надмина Битола, иако од почетокот на кризата, речиси 100 дена, немаше ниту еден заболен

 Бројот на новозаболени не стивнува ниту во државата. Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19, инфоримираат од Министерството за здравство

 
- Скопје 107
- Куманово 14
- Штип 4
- Тетово 23
- Струга 5
- Битола 2
- Охрид 6
- Гостивар 4
- Струмица 1
- Кочани 1
- Берово 1
- Ресен 13
- Неготино 1
 
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни. 
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.
 
- Скопје 22
- Дебар 1
- Штип 1
- Прилеп 1
- Тетово 1
- Велес 2
- Битола 1
- Кочани 2
- Свети Николе 1
- Кичево 1
 
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани