2win800x200

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Густа магла во Битола, Прилеп, Ресен

Јануари 09, 2018


Сообраќајот на  патишта во државата се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има во Битола, Прилеп, Ресен до150м и Тетово до50м.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП "Македонија пат" апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

И АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани