2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Расте бројот на новозаболени во Битола, денес регистрирани 4 позитивни на КОВИД-19

Јули 04, 2020

Четворица новозаболени и тројца оздравени од КОВИД-19 се регистрирани во Битола во денешниот здравствен билтен. Со ова бројот на заразени во Битола се искачи на 59. 

Ова досега е најголема бројка на позитивни регистрирани во нашиот град во еден ден.

Еве ја денешната статистика на Министетството за здравство:

 

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19.

 
- Скопје 64
- Куманово 8
- Штип 6
- Прилеп 3
- Тетово 16
- Струга 7
- Велес 5
- Битола 4
- Охрид 5
- Гостивар 9
- Струмица 1
- Крива Паланка 1
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Кратово-1
- Свети Николе 7
- Кичево 4
- Ресен 4
 
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово. 
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти.
 
- Скопје 56
- Штип 7
- Тетово 36
- Велес 2
- Битола 3
- Гостивар 1
- Гевгелија 2
- Струмица 1
- Свети Николе 1
- Ресен 2
 
Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани