Министерството за транспорт и врски го распиша тендерот со кој ќе врши во еден дел покривање на каналот кој врви низ поранешната касарна и преместување на еден негов дел кој врви покрај Градскиот стадион. Со тоа се отвора можност за поврзување на улицата која води низ касарната со улицата „Крушевска Република“ покрај градскиот стадион. Битола ќе добие нова градска артерија и растеретување на градскиот сообраќај. Ако се се одвива во ред, средината на септември е рокот кога би се почнало со реконструкцијата.